Емотивно збогување на фудбалерот кој игра во Серија А од минатиот век (Видео)

Сампдорија и Сасуоло ремизираа 2:2 во меч на кој во главна улога беше легендарниот напаѓач на домашниот тим, Фабио Квалјарела. Фудбалерот кој во јануари наполни 40 години, го одигра последниот меч на домашен терен за Сампдорија, клуб во кој игра во последните осум години.

Квалјарела е вистинска легенда на Серија А и единствен играч кој сезонава беше дел од елитното друштво, а своето деби во најдобрата италијанска лига го имал уште во минатиот век.

Во сезоната 1999/2000, Квалјарела дебитираше за Торино, а потоа во кариерата играше за Фиорентина, Чиети, Асколи, Сампдорија, Удинезе, Наполи, Јувентус, Торино, за да сега заврши во дресот на Сампдорија.

Во 86 минута Квалјарела беше заменет и испратен со овации од стадионот кој беше негов фудбалски дом во последните осум години.

https://twitter.com/i/status/1662199523522002944

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести