Пред натпреварот од Втората лига меѓу Осогово и Големо Коњари (2-0) беа откриени бисти во чест на навивачите на домашниот тим, Томас Златков и Александар Стојанов, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Навивачите на „Сејмени“ трагично го загубија животот пред една година во еден од најтешките инциденти што ја погодиле Македонија низ историјата – пожарот во дискотеката, при што животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Овој чин на откривање на бистите беше емотивна почит кон сеќавањето на загинатите и симбол на солидарност и спомен за трагедијата која ја потресе целата земја.

