Салернитана го победи Емполи со 2:0 во дербито на двете првопласирани екипи во Серија Б, во рамките од 37. коло. Со овој триумф Салернитана стигна до 66 бода и го задржи второто место кое носи директен пласман во Серија А. Емполи уште пред ова коло беше сигурен прв и нема никаков императив ниту во последно коло.
Салернитана во последното коло ќе гостува кај Пескара, тим кој само со чудо може да се спаси од испаѓање, па реално е да се очекува гостите да победат. Доколку Салернитана киксира, Монца е екипата која од третото место се надева на позиција за директен пласман во Серија А.
Монца е екипа во која главни се некогашните први луѓе на Милан, Силвио Берлускони и Андријано Галијани. За третото место во Серија А ќе се борат оние што ќе завршат од трето до осмо место во Серија Б. Прво ќе се игра четвртфинале, а потоа следуваат полуфиналните дуели, за на крај победникот во финалето да се пласира во елитата.