Емполи само го налути Роналдо, Јувентус победи со пресврт (Видео)

Кристијано Роналдо постигна два гола за Јувентус на гостувањето кај Емполи и е творец на пресвртот, по кој шампионот на Италија славеше со 2:1.

Домаќините поведоа со голот на Капуто во 28. минута, а потоа се беше во знакот на Португалецот. Најпрво со прецизен удар од белата точка израмни на 1:1 во 54. минута, а потоа постигна извонреден гол од далечина во 70. минута за победа на гостите.

Јувентус е лидер во Серија А со 28 бодови, 7 повеќе од Наполи, но и со меч повеќе.

https://www.youtube.com/watch?v=eTRqWuMm2zA

- Оглас -

Најнови вести