Ен Несири со хет-трик ја круниса голеадата во Севилја (видео)
Мароканецот имаше свое шоу на „Рамон Санчес Писхуан“

Севилја триумфираше со 3-1 во фантастичниот дуел против Реал Сосиедад кој почна на најдобар можен начин. Дури четири погодоци се постигнаа во првите 15 минути од средбата на „Рамон Санчес Писхуан“.
Ен Несири на двапати ја затресе мрежата на гостите во четвртата и седмата минута, меѓу тие голови Диего Карлос му помогна на Сосиедад со автогол. Исак ја врати неизвесноста на мечот уште во 14-тата минута за одлични 2-2 во првото полувреме.
Во исто темпо продолжи и второто полувреме, веќе во првата минута по паузата Ен Несири го комплетираше хет-трикот, а потоа пропушти неколку шанси да го зголеми своето конто.
Златната шанса за спас од пораз Сосиедад ја пропушти во 76-тата минута, кога дефанзивецот Кунде ја извади топката од гол-линија, по што резултатот остана 3-2 за Севилја.
Со оваа победа Севилја се израмни со Сосиедад на делба на петтата позиција на табелата со по 30 бода.