14.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Енди Бара на итен состанок со Деко, се одлучува за судбината на Дани Олмо (Видео)

Барселона пред една година го купи Дани Олмо за 55 милиони евра од Лајпциг, а потоа имаше големи проблеми за да го регистрира, па конечната одлука мораше да ја носи судот. Сепак, Олмо е далеку од она што се очекуваше, па најчесто е повреден.

Фудбалерот и во моментов не тренира поради повреда од непозната природа, а на остатокот од екипата треба да ѝ се приклучи следната недела. Од таа причина на итен состанок во Барселона пристигнал неговиот менаџер Енди Бара, кој бил забележан со спортскиот директор на Каталонците, Деко.

Португалецот предложил Олмо да направи комплетни тестови за да се утврди од каде потекнуваат и што е причината за честите повреди, а Бара без размислување се согласил на таквиот предлог.

- Оглас -

Најнови вести