Енди Мареј откри зошто му се вратил на тенисот: Кога сум дома, правам деца

Енди Мареј по две и пол години пауза, повторно се израдува на тениски трофеј. На почетокот на годинава, на Британецот му беше извршена операција на колкот, но сега се врати и триумфираше на турнирот во Антверпен. Во финалето, Мареј го победи Станислас Вавринка.

Мареј признава дека му требало време за да се врати во форма, а во шега образложи која му е една од главните причини поради која решил да продолжи да игра тенис.

„Кога сум дома, тогаш правам деца. Бидејќи веќе третото дете ми е на пат, решив дека треба нешто да преземам. Затоа и му се вратив на тенисот“, во шега изјави Мареј, кој додаде дека до крајот на годинава ќе игра само уште во финалето на Дејвис купот во Мадрид.

Во богатата кариера, Мареј може да се пофали со три Гренд слем титули, две олимписки злата и еден пехар во Дејвис купот.

 

- Оглас -

Најнови вести