Енди Мареј во последен момент се повлече од Вимблдон

Поранешниот шампион на Вимблдон, Енди Мареј, се повлече од настап на турнирот во Лондон.

Некогашниот најдобар светски тенисер објави дека се повлекува непосредно пред првиот меч во кој требаше да се соочи со чешкиот тенисер Томаш Махач. На неговото место, влезе „среќниот губитник“, Давид Гофан.

Британскиот тенисер пред две седмици имаше нова операција на грбот, се надеваше дека ќе може да игра, но во последен момент одлучи да ги послуша лекарските совети. Сепак, се очекува да настапи во игра на двојки, со неговиот брат Џејми.

Енди Мареј ја освојуваше титулата на Вимблдон во 2013 и во 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести