Енди Робертсон по девет години го напушта Ливерпул

Eнди Робертсон ќе стави крај на својата кариера во Ливерпул по завршување на сезоната 2025/26, потврди самиот клуб на официјалната веб-страница. По девет извонредни години на „Енфилд“, капитенот на шкотската репрезентација ќе замине како слободен агент, по истекот на договорот ова лето.

Робертсон ќе се повлече како вистинска легенда, играч кој имаше клучна улога во обновата на Црвените. До денеска, тој забележа 373 настапи за клубот. Пристигна од Хал сити во 2017 година, а дефанзивецот освои речиси сè со тимот на Ливерпул, вклучувајќи две титули во Премиер лигата, Лигата на шампиони, ФА Куп, два Лига купа, како и Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА и Комјунити Шилд.

Клубот истакнува дека до самиот крај, Робертсон останува целосно посветен на тоа да му помогне на тимот да ја заврши сезоната на најуспешен можен начин. Шкотланѓанецот ќе остане запаметен не само по неизмерната енергија на левата страна, туку и како еден од лидерите во соблекувалната во најславниот период од модерната историја на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести