Репрезентациите на Шпанија и Бразил одиграа возбудливо реми, 3-3, во меч со три пенали од пријателски карактер на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Родри погоди од пенал за водство од 1-0 и 3-2, додека Олмо стрелаше за 2-0 за Шпанија.
Бразил иако многу рано имаше негатива од два гола, сепак успеа резултатски да се врати. Родриго намали на 2-1, додека Ендрик стрелаше за израмнување на 2-2. Конечните 3-3 ги постави Пакета од пенал во 97-мата минута.
Репрезентацијата на Франција со минимални 3-2 го совлада Чиле во пријателски меч на кој репрезентацијата од Јужна Америка имаше водство од 0-1 преку Нунес. Следуваа три гола за Французите, кои преку Фофана, Коло Муани и Жиру направија комплетен пресврт, а Осорио ги постави конечните 3-2 на натпреварот.
Фудбалерите на Хрватска му одржаа вистинска лекција на Египет и победија со 2-4 во финалето на турнирот во земјата на Фараоните. Влашиќ, Петковиќ, Крамариќ и Мајер стрелаа за Коцкестите, додека за Египет прецизни беа Рабија и Абделмонем.