Ендрик блесна, Реал Мадрид го освои Сан Себастијан (Видео)

Реал Мадрид со предност од 1-0 ќе го чека реваншот против Реал Сосиедад од полуфиналето на шпанскиот Куп. Домаќинот иако не беше инфериорен, сепак, на крајот го загуби мечот на кој имаше свои шанси да дојде до поволен резултат, но и „кралевите“ можеа да дојдат до поубедлива победа.

Единствениот гол на мечот падна уште во 19-тата минута, кога Ендрик мајсторски успеа да ја реализира контрата и во гол да ја претвори асистенцијата на Џуд Белингам.

- Оглас -

Најнови вести