6.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Ендрик не сака да седи на клупа, веќе во јануари сака да си замине од Реал Мадрид?!

Бразилскиот офанзивец, Ендрик, како голема ѕвезда пристигна во Реал Мадрид, но не ги оправда очекувањата, иако и не ја доби посакуваната шанса. 19-годишниот фудбалер по враќањето од повредата, се уште нема одигра ниту една минута, па веќе се подготвува за разделба со „кралевите“.

Изминатото лето за него имаше интерес од француски Марсеј, но Реал Мадрид не сакаше да се откаже од Бразилецот, но сега се чини дека овој трансфер ќе се реализира.

Планот е Ендрик да се пресели во Марсеј веќе во јануари, но не е познато дали тоа ќе биде на позајмица или како целосен трансер, иако тешко е за верување дека Реал Мадрид комплетно ќе се откаже од неговите услуги.

Ендрик во јули минатата година пристигна во Реал Мадрид од Палмеираш за сума од 47,5 милиони евра, а неговата моментна вредност се проценува на 35 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести