Младиот напаѓач на Бразил, Ендрик, постигна гол на два последователни натпревари за националниот тим и тоа на легендарни стадиони, на гостувања кај Англија и Шпанија.
На натпреварите против Шпанија и Англија, Ендрик постигна голови откако влезе како замена. На новиот играч на Реал Мадрид (за Кралскиот клуб ќе почне да игра во јули, откако ќе стане полнолетен) му беа потребни 49 минути за двата гола во А тимот на Бразил и тоа е нов рекорд.
На Кралот на фудбалот, Пеле, за првите два гола во дресот на Бразил му биле потребни 64 минути, а, на пример, на Роналдо Назарио му беа потребни дури 529 минути за тоа.