9.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Ендрик во јануари се сели на позајмица во Бундеслигата?!

Младиот бразилски интернационалец, Ендрик, во Реал Мадрид не ја добива очекуваната шанса, иако пристигна како голема ѕвезда. Фудбалерот и самиот побарал во јануари да биде испратен на позајмица, а раководството на Кралевите веќе ја одби понудата на Марсеј, од каде што имаше интерес уште летоска.

Според Чаби Алонсо, најдобрата опција за Ендрик е да биде испратен на позајмица во Бундеслигата, како една од најдобрите лиги за развој на младите фудбалери, а тој веќе постигна историски успех со Баер Леверкузен.

Интерес има од Штутгарт, екипа која го посакува младиот Бразилец како позајмен, и тоа веќе во јануари, па се чини дека сите услови за Ендрик да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ се исполнети.

 

- Оглас -

Најнови вести