„Енфилд“ доживеа ерупција, Ливерпул на пенали го комплетира големиот пресврт против Лестер (Видео)

Ливерпул им се приклучи на Арсенал, Челзи и Тотенхем во полуфиналето во Лига купот на Англија и ќе биде единствената екипа што ќе се бори за пехарот, а не е од Лондон.

На полниот „Енфилд роуд“ и во прекрасна атмосфера пред 65 илјади гледачи, Ливерпул приреди чудо и двапати анулираше негатива од два гола против Лестер.

Гостите рано поведоа со два гола на Џејми Варди, па намали Окслејд-Чембрлен, а потоа следуваше евроголот на Медисон за 1:3.

Сепак, Ливерпул не се предаде и носен на крилјата на навивачите успеа со два гола да израмни на 3:3.

Вистинска ерупција на култниот „Енфилд роуд“ предизвика голот на Минамино за 3:3 во 95-тата минута, а драма имаше и во пенал-серијата.

Пеналите беа многу интересни, а точка на големиот триумф на Ливерпул стави Диого Жота, откако Минамино кај домаќините и Томас и Бертранд кај гостите промашија во шест серии удари од белата точка.

Челзи со 2:0 го победи и го елиминира Брентфорд, а Тотенхем со 2:1 го победи Вест хем за полуфинале во Лига купот.

- Оглас -

Најнови вести