13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Енис Барди останува во Турција, ќе потпише за Коњаспор

Енис Барди е на чекор до нов предизвик во Турција. Македонскиот репрезентативец постигнал договор со Коњаспор и ќе потпише двегодишен договор како слободен агент.

Според турските медиуми, зделката е завршена. Барди ќе се пресели во редовите на Коњаспор, каде што ќе заработува околу 700.000 евра годишно, плус дополнителен бонус за потпис, со што вкупните примања може да достигнат и до еден милион евра.

Се очекува фудбалерот да пристигне во Коња в петок, кога официјално ќе биде претставен како ново засилување на клубот.

Интересот на Коњаспор за Барди не е нов, клубот се обидуваше да го донесе уште во зимскиот преоден рок, но тогаш Бодрум ја доби трката. Овојпат, сепак, договорот е реалност.

- Оглас -

Најнови вести