Енис Барди пред трансфер во Самсунспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, е на чекор до промена на клубот по испаѓањето на неговиот сегашен тим, Бодрумспор, во Втората турска лига. Иако формално сè уште е под договор со клубот, јасно е дека искусниот плејмејкер нема да остане да игра во второлигашка сцена.

Како што пренесуваат турските медиуми, за Барди сериозен интерес покажуваат неколку прволигаши од турската Суперлига, каде што македонскиот фудбалер веќе има изградено име и репутација.

Најблиску до неговиот потпис е тимот на Самсунспор, кој во изминатата сезона заврши на третото место во Суперлигата, зад великаните Галатасарај и Фенербахче, а пред Бешикташ. Самсунспор планира сериозно засилување на тимот за настапите во квалификациите за Лигата на Европа, а доведувањето на Барди се смета за клучен потег на клубот за поголем успех во Европа.

Барди веќе има значајно искуство во турскиот фудбал откако во минатото настапуваше и за Трабзонспор, а пред тоа имаше успешна кариера во Шпанија со Леванте. Се очекува трансферот да биде официјализиран во наредните денови.

- Оглас -

Најнови вести