Најтиражниот шпански спортски весник, „Марка“, објави една интересна листа од 20 фудбалери за кои „не се знае дека играат во Турција“, а на листата го стави и Енис Барди.
Во Шпанија, Барди е познат од игрите во Леванте, па можеби има љубители на фудбалот во Шпанија кои не знаеја дека Барди е во Трабзонспор.
Освен Барди, на листата од 20 играчи за кои „не се знае“ дека играат во турски клубови, се и ѕвездите како Икарди, Мертенс, Озил, Сеферовиќ, Деле Али, Рашица, Макси Гомез, Хесе, Хамшик, Мата, Бартра…