Енис Барди условно осуден на четиримесечна затворска казна!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од четири месеци од судот во Валенсија, возење со фалсификувана возачка дозвола. Но, Барди нема да оди во затвор бидејќи доби условна двегодишна казна, па ако во следните две години не направи кривично делото, ќе се спаси од заминување зад решетки.

Барди го признал делото, па судот му одреди условна казна во траење од две години.

Полицијата го запре Барди лани во април, кога тој го возел своето „порше панамера“. Му побарале документација за возилото и возачка дозвола. Еден од полициските службеници се посомневал во валидноста на дозволата која била испечатена како пластифицирана картичка. Полицијата набрзо открила дека недостигаат и други безбедносни ознаки во возилото. Откако со ултравиолетово светло го прегледале документот, го пријавиле случајот кај надлежните органи.

Македонскиот репрезентативец прво се бранел дека во Македонија оваа дозвола е валидна, но подоцна го сменил својот исказ.

- Оглас -

Најнови вести