Луис Енрике, селекторот на Шпанија, во пресрет на вечерашното гостувањето кај Косово говореше околу тоа кој би сакал да го наследи на клупата на Црвената фурија откако ќе му заврши мандатот според важечкиот договор до декември 2022 година.
Во однос на тоа колку ќе биде успешен настапот на Шпанците на Мундијалот во Катар идната година, ќе се одлучува дали Енрике ќе ја задржи работата, но треба да се напомене дека нивниот пласман уште не загарантиран иако се лидери во групата Б со 10 бода по пет натпревари.
Во случај соработката да заврши според планот, Енрике сака да го види Пеп Гвардиола како нов селектор на двократниот европски првак.
„Навистина би сакал тоа да се случи, сакам Гвардиола да биде селектор на Шпанија. Би било прекрасно да се види неговиот белег врз нашата репрезентација, мислам дека би биле совршена комбинација“, истакна Енрике на прес-конрефенцијата.
Треба да се напомене дека и на Пеп Гвардиола му завршува договорот со Манчестер сити во сличен период, поточно по крајот на сезоната 2022/23. Како што стојат работите, управата на Сити е задоволна од работата на екстренерот на Барселона и нема да биде изненадување доколку соработката се продолжи, освен ако не се челниците не го загубат трпението со Пеп и неговите неуспешни обиди да ја освои Лигата на шампионите.