Шпанија избегна сензација против Коцкестите во голеадата од 5-3, со која Фуријата по 120 минути игра се пласира во четвртфиналето. Таму ќе се сретне со Швајцарија, која пак приреди огромно изненадување во пенал-рулетот и елиминација над фаворитот Франција.
Луис Енрике, селекторот на Шпанија, вели дека следниот противник ќе мора доста да се намачи за да издвои добар резултат против неговиот тим.
„Бевме супериорни во секој поглед, промашивме две големи шанси пред автоголот, но покажавме карактер за да одговориме на секој проблем. Оваа екипа има цел да победува играјќи убав фудбал, што значи дека на следните противници воопшто нема да им биде лесно бидејќи ги чека многу трчање“, посочи Енрике.
Борбата за пласман во полуфиналето меѓу Шпанија и Швајцарија е закажана на 2 јуни во 18 часот.