Лос Анџелес лејкерс го победи Вашингтон визардс со 130-119, а најзаслужен за тоа беше Ентони Дејвис со МВП издание од 55 поени, 17 скока и три блокади.
На последните девет меча, Дејвис е незапирлив, постојано има дабл-дабли барем so 25 поени и плус најмалку по две блокади, но рано утрово беше врв и негова најдобра игра во дресот на Езерџиите. Дејвис е прв скокач во лигата, а има просек од 28,6 поени и 2,4 блокади по меч.
Од времето на Коби Брајант не беше видено некој играч на Лејкерс да има вкупно 99 поени на два меча по ред, а Дејвис го повтори и подвигот на Шекил О‘Нил барем od 40 поени и 10 скока на два меча едноподруго.
Инспириран од играта на Веѓата беше и Леброн Џејмс, кој даде 29 поени, а во финишот имаше две забивања во две акции по ред и ја крена публиката на нозе.
https://twitter.com/i/status/1599574597434716160
Партија за паметење имаше и Порториканецот Хозе Алварадо, кој против Денвер нагетс постави личен рекорд од 38 поени и осум погодени тројки, па навивачите на Њу Орлеанс пеликанс го скандираа неговото име. Кај поразените, Никола Јокиќ имаше 32 поени и 16 скока.