Британскиот боксер Ентони Џошуа даде ветување дека доживотно ќе внимава и ќе им помага на семејствата на неговите двајца пријатели кои загинаа во сообраќајната несреќа во која тој остана жив.
Во својата прва објава на социјалните мрежи, Џошуа објави фотографија на која беше со членови на семејствата на неговите двајца пријатели, а боксерот упати моќна порака „чувар на своите браќа“, додавајца воени шлемови и срциња, што е симбол на заштита.
Син кој беше кондиционен тренер на Џошуа и Лац кој беше негов личен тренер, беа двајца луѓе кои имаа клучна улога во кариерата на британскиот боксер. Тие беа со него на патувањето во Нигерија, кога автомобилот со кој се возеа, удри во камион. Син и Лац седеле на десната сттрана од возилото, страната со која автомобилот удрил во камионот и немале шанси да се спасат.

