0.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Ентони Џошуа се врати на тренинг за помалку од 20 дена од несреќата во која загинаа двајца негови пријатели

Ентони Џошуа засекогаш ќе го памти декември 2025 година. Најпрво имаше успешен настап откако го здроби Џек Пол во меч на кој некогашниот јутјубер немаше шанси со британскиот поранешен светски првак, за потоа да се случи трагедија.

Додека беше во Нигерија, Џошуа со двјаца свои пријатели и соработници беше во автомобилот кој се удри во паркиран камион. Во несреќата загинаа двајцата пријатели на Џошуа, додека боксерот помина со полесни повреди затоа што седеше на другата страна од автомобилот.

Неполни 20 дена од таа трагедија, Џошуа испрати видео клип на кој се гледа како повторно тренинра, а во кратката порака што ја испрати, напиша „Јас сум борец“. Едноставно Џошуа мора да биде ментално силен да ја надмине трагедијата, а тоа секако се прави со работа, со фокус на тренингот, додека сеќавањата за неговите трагично загинати пријатели, секогаш ќе останат во меморијата.

- Оглас -

Најнови вести