5.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Ентони Едвардс МВП на олстарот кој првпат се играше во новиот формат

Екипа составена од Скоти Барнс (Торонто), Девин Букер (Феникс), Кејд Канингем (Детроит), Џејлен Дурен (Детроит), Ентони Едвардс (Минесота), Чет Холмгрен (Оклахома), Џејлен Џонсон (Атланта) и Тајрис Макси (Филаделфија) победи на годинешниот олстар во НБА лигата кој се играше во Лос Анџелес.

Бекот на Минесота тимбервулвс, Едвардс, беше прогласен за најкорисен играч (МВП) откако го предводеше својот тим од американски „Ѕвезди“ до убедлива победа од 47:21 над своите сонародници од тимот „Пруги“ во финалето на егзибицискиот турнир.

Тоа беше четвртиот различен формат на олстар-натпреварот за исто толку години и овојпат два американски тима се соочија со тим составен од играчи од остатокот од светот. Целта беше да се поттикне националната гордост и натпреварувачкиот дух. Беа одиграни три натпревари од по 12 минути, кои беа решени на самиот крај, по што следуваше финалето.

Настанот генерално се играше со поголема жар отколку во претходните години, што укажува дека раководството на лигата можеби пронашло формула како главниот настан од сезоната да биде позабавен. Немаше натпревар со повеќе од 400 поени без одбрана со серија диви забивања. Имаше борба и неизвесни мини-натпревари.

Тимот на светот претрпе два пораза, делумно затоа што во вториот натпревар ги одморија Лука Дончиќ и Никола Јокиќ (на првиот играа малку, како што било однапред договорено), кои се бореа со повреди изминатиот месец, а не играше и Јанис Адетокумбо.

Фановте на ЛА клиперс во салата ги исвиркуваа Леброн Џејмс и Дончиќ секојпат кога ќе ја допреа топката. За рекордерот Џејмс ова беше можеби последен олстар. 

- Оглас -

Најнови вести