Њукасл обезбеди неверојатна предност (0-5) по првото полувреме од првиот дуел од плејофот во Лигата на шампионите против Карабах. Англискиот тим доминира, а херој е Ентони Гордон, кој постигна четири од петте гола за својот тим.
Гордон успеа да комплетира хет-трик за половина час, а потоа постигна и четврти гол од пенал во 45-тата минута.
Серијата голови ја отвори во третата минута, а потоа се надоврза погодокот на Малик Тијао во осмата минута.
Следуваа уште два-три гола на Ентони Гордон до крајот на првиот дел, од кои два од белата точка.

