Ентони: Лојалноста во спортот е преценета, тоа е само бизнис

Кармело Ентони важи за една од најголемите ѕвезди во светот на кошарката. Новиот член на Лос Анџелес лејкерс ќе ја игра својата 18-та сезона во НБА, а даде една интересна изјава за американските медиуми.

„Лојалноста во спортот е преценета, тоа е само бизнис. Јас сум спортист, тоа е мојата професија и за тоа земам плата“, изјави популарниот Мело.

Како што е познато, Ентони летово дојде во Лејкерс од екипата на Портланд, а со „езерџиите“, предводен и од Леброн Џејмс, ќе се обиде да дојде до првиот НБА прстен во својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести