Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони, беше поврзуван со евентуално напуштање на клубот, но неговиот агент Жуниор Педросо, одговори на коментарите.
„Видов различни мислења дека Ентони ќе го напушти тимот или ќе биде даден на позајмица. Планот на играчот е јасен, само Манчестер јунајтед. Тој сака да остане, целосно е фокусиран на Манчестер јунајтед. Веќе разговаравме за тоа со клубот“, изјави Педросо.
Ентони ќе мора да се докаже и да избори место во тимот на Тен Хаг, бидејќи неговите настапи минатата сезона беа апсолутно неубедливи.