Ентони заминува од Манчестер јунајтед, договорена е позајмица во Бетис

Крилниот напаѓач Eнтони е на чекор до заминување од Манчестер jунајтед, а блиску е да ја продолжи кариерата во шпанскиот прволигаш Бетис. Клубовите се во завршна фаза од преговорите.

Според информациите од Англија, Ентони ќе замине во Бетис на позајмица до крајот на сезоната, а шпанскиот клуб нема да има обврска да го откупи неговиот договор.

Ентони е отворен за идејата да замине на југот на Шпанија, а Манчестер јунајтед е подготвен да покрие дел од неговите примања до истекот на позајмицата.

Бразилецот не е во плановите на Рубен Аморим, исто како што не беше значаен ни под раководство на Ерик тен Хаг.

Оваа сезона Ентони одигра 13 натпревари, од кои само седум во Премиер лигата, најчесто како замена. Постигна само еден гол, и тоа во Лига купот, што е далеку од очекувањата за засилување кое чинеше 95 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести