Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандес, беше инцијаторот за пеењето на навредливата песна за Франција и Килијан Мбапе на прославата на Аргентина за осовојувањето на Копа Америка.
„Играат за Франција, но се од Ангола. Мајка му е Нигеријка, татко му Камерунец, но според пасош, тој е Французин“, гласеше текстот на песната која ја пееја Аргентинците, а предизвика скандал во Франција.
Енцо Фернандес на социјалните мрежи напиша извинување и вели дека песната настанала во еуфоријата по големиот успех на Аргентина.
„Искрено се извинувам поради видеото на мојот инстаграм-профил, кое настана во текот на прославата. Песната вклучува навредливи зборови и нема зборови со кои можам да се извинам. Секогаш сум против дискриминација, се извинувам, бев во еуфорија на прославата. Тоа видео, тој момент, тие зборови не се одраз на моите верувања и мојот карактер. Навистина ми е жал“, напиша Енцо Фернандес.
Од Фудбалскиот сојуз на Франција информираа дека случајот е пријавен во ФИФА и очекуваат реакција.