Челзи го претрпе првиот пораз на Светското клупскко првенство откако со 3:1 загуби од Фламенго. Англискиот тим водеше на полувреме, но Фламенго во период од 62 до 68 минута успеа да постигне два гола, а и да изнуди црвен картон на Џексон, па Челзи остана со играч помалку.
И тренерот на Челзи, Енцо Мареска знае дека тие неколку минути комплетно го помениле текот на средбата.
„Шест минути комплетно го променија текот на мечот. Мислам дека, второто полувреме го започнавме упте подобро од првото, но потоа примивме два гола за две минути и добивме црвен картон. Тоа целосно ја промени динамиката на играта. Во последните два дена, пробавме нешто сосема поинакво. Денес игравме во поинаква структура за да се подготвиме за следната сезона и да имаме повеќе опции. Планот беше доста добар еден час, но потоа го примивме два гола и добивме добивме црвен картон. На крајот, со десет играчи, тие заслужено се радуваа. На следниот меч ќе биде многу важно да покажеме позитивна реакција. Мора да победиме ако сакаме да одиме во следната фаза“, рече Мареска.
Во последното трето коло Челзи ќе игра против Есперансе од Тунис.