Машката одбојкарска репрезентација на Македонија и домаќинот Бугарија на 9-ти септември следната година, во Софија ќе го отворат Европското првенство 2026.
Европската одбојкарска конфедерација го објави комплетниот распоред за ЕвроВолеј 2026.
Според распоредот, после мечот со домаќините кои се светски вицепрваци, Македонија на 10-ти септември ќе биде слободна, а потоа на 11-ти септември, во второто коло од групата ќе се соочи со Украина. Повторно следува уште еден слободен ден, додека дуелот од третото коло против Полска го играме на 13-ти септември. На 15-ти септември ќе ги измериме силите со Португалија, додека ден подоцна, во истиот термин ќе играме со Израел, меч со кој ќе ја заокружи групната фаза.
Најдобрите четири екипи од групата ќе обезбедат пласман во осминафиналето.
За Македонија тоа ќе биде четврто учество на ЕП по ред.

