Фудбалерите на Ливерпул после пауза од две кола им се вратија на победите во Премиер лигата, но се чини доцна се разбудија во битката за титулата, бидејќи „возот“ веќе замина, а Арсенал и Манчестер сити се речиси недостижни.
„Црвените“ попладнево на „Енфилд“ го совладаа Тотенхем со 4-2, иако до 60-тата минута имаа водство од 4-0, но му дозволија на противникот да постигне два гола и да ублажи поразот.
Головите за Ливерпул беа дело на Салах, Робертсон, Гакпо и Елиот, додека за Тотенхем прецизни беа Ричарлисон и Хеунг-мин.
Ливерпул останува на третата позиција со 78 поени, четири помалку од Манчестер сити и натпревар повеќе и пет поени помалку од лидерот Арсенал на две кола до крајот од Премиер лигата.