Епска битка во Хернинг – Карабатиќ ја донесе бронзата за Франција

Франција го завршува 26-тото издание на Светското ракометно првенство како трета најдобра репрезентација, откако во борбата за бронзен медал го добија дуелот со еден од домаќините, селекцијата на Германија при конечни 26:25. Двете репрезентации приредија вистинско шоу, битката се водеше буквално до последната секунда, а Никола Карабатиќ со својот втор гол ја реши средбата во Хернинг.

Германците по првиот дел водеа со 13:9, откако серијата погодоци пред паузта им донесе четири гола предност. Сепак, „триколорите“ немаа намера да се предадат по 30 минути игра, па со нивна серија голови ја вратија неизвесноста на мечот. Се играше гол за гол, а во драмата во последната минута Французите имаа челични нерви. Прво ја изгубија топката на 15 секунди до крајот, но Германците не ја искористија контрата, па Карабатиќ буквално пред крајот го совлада разбранетиот Волф.

Во 17:30 часот ќе започне финалето, во кое за златен медал ќе се борат двете скандинавски селекции, вториот домаќин Данска и актуелниот вицешампион Норвешка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести