39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Епска изведба на Златан во дербито на Лос Анџелес (Видео)

Златан Ибрахимовиќ со три гола во градското дерби на Лос Анџелес, популарното „Ел трафико“, му донесе победа на Галакси од 3-2 во дуелот со ФК Лос Анџелес. Двата гола за поразениот тим ги даде Карлос Вела, најдобриот стрелец во лигата.

Швеѓанецот беше мотивиран да му докаже на Вела дека е подобар од него, и успеа во тоа. Ибра даваше изјави дека е како Ферари во однос на другите играчи во МЛС, кои ги спореди со ФИАТ. Ова е четврти меѓусебен дуел на тимовите од најголемиот град во Калифорнија, а Галакси уште нема пораз. Сезонава Лос Анџелес е поуспешен, лидер е на табелата во западната конференција, но во градските пресметки, доминира „галаксијата“ која во своите редови го има легендарниот Ибра.

Погледнете ги сите три гола на Ибра, од кои првиот беше најатрактивен:

https://twitter.com/i/status/1152436194673922048

- Оглас -

Најнови вести