8420 Лука Дончиќ (Милвоки бакс – Далас маверикс, 01:30ч)
Дончиќ блескаше во првиот овосезонски дуел против Милвоки со 28 поени и 8 скока, учинок со кој ги предводеше Маверикс до стартна победа во новата сезона. Словенечката ѕвезда покажа дека пак ќе биде трн во окото на најдоминантните кошаркари, па дури му испрати закана на МВП Јанис Адетокумбо.
Во меѓувреме, Далас влезе во побендичка серија и ноќеска ќе атакува на петти триумф, мисија која може полесно да се оствари доколку Дончиќ ја надмине својата граница во поени.
Предлог тип: Дончиќ >30,5 поени (1.85)
8186 Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Далас маверикс, 01:30ч)
И од Јанис се очекува ефикасен настап со цел да му парира на Дончиќ, како што беше во првата овосезонска пресметка. Адетокумбо тој меч го заврши со дабл-дабл од 24 поени и 14 скока, што всушност не е доволно добар учинок.
Јанис знаел да биде и понезадржлив, а ноќеска и дефинитивно ќе влезе со таква мотивација бидејќи Бакси се разиграа и почнаа да победуваат во низа.
Предлот тип: Адетокумбо >28,5 поени (1.85)
8804 Бостон селтикс – Орландо меџик (01:30ч)
Бројните отсуства и кај двете екипи ќе бидат голема пречка за ефикасен дуел. Бостон не може да смета на Вокер, Тејтум, Тајс и најверојатно Браун, додека и Магичните се десеткувани без Картер-Вилијамс, Фурние и Фулц.
Поради тоа, една од понудените граници во вкупен збир на поени може да биде искористена за типување, поточно двете екипи да реализираат помалку од 213 поени. Бостон е во серија од четири победи и веројатно ќе продолжи во тој ритам, со оглед на тоа дека Орландо е во мала криза по трите порази во низа.
Предлог тип: <212,5 поени (1.90)
8425 Донован Мичел (Јута џез – Атланта хокс, 03ч)
Атланта прилично десеткувана гостува во Јута, што е шанса за Џезерите да ја остварат четвртата победа во низа и да избијат на втората позиција на Западот.
Треј Јанг нема да може сам да им парира, а тоа ќе му остави простор на Донован Мичел да го покаже својот квалитет, односно да доминира како што правеше во балонот во Орландо. Мичел редовно е прв стрелец на екипата, затоа и ноќеска ќе ја надмине границата во поени.
Предлог тип: Мичел >26,5 поени (1.95)
8441 Пол Џорџ (Сакраменто кингс – ЛА клиперс, 04ч)
Во последните две победи на Клиперс, Џорџ редовно завршуваше со повеќе поени од дадената граница, па доколку неговиот учинок биде висок и во овој меч, тимот од Ел – еј ќе може да продолжи во победнички ритам.
Ѕвездата на Клиперс мора да игра на високо ниво бидејќи потфрли минатата сезона во разигрувањата. Границата од 25 поени не е недостижна, а што порано се разигра Џорџ, тоа подобро за Клиперс.
Предлог тип: Џорџ >24,5 поени (1.87)