Епски меч во Мадрид, Алкараз после три и пол часа борба, го победи Ѓоковиќ и испиша историја

Шпанскиот 19-годишен тенисер, Карлос Алкараз, е прв финалист на Мастерсот во Мадрид, откако во мечот на годината го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ. со 6-7, 7-5, 7-6. Дуелот траеше нешто повеќе од 3 и пол часа.

Младиот Алкараз ја искористи третата меч-топка на мечот, и почувствува колку борба е потребно за да се совлада Србинот. Ова беше нивен прв меѓусебен дуел. Алкараз стана прв тенисер кој успеал на турнир на земјена подлога едно под друго да ги победи Рафаел Надал и Ѓоковиќ.

Алкараз е 16 години помлад од Ѓоковиќ, го нема искуството, но се наметнува како нова ѕвезда на тениското небо.

- Оглас -

Најнови вести