Епски пресврт, сите го видоа во Милан, а тој во последен момент се одлучи за Интер

Милан е на добар пат да доживее уште голем болен пораз од градскиот ривал Интер и да остане без големо засилување, пишуваат италијанските медиуми.

Милан во полуфиналето од Лигата на шампионите беше елиминиран од Интер, а сега градскиот ривал му го украде Маркис Тирам кого сите го видоа во Црвено-црниот дрес.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1672334732036546563?s=20

Тутомеркато пишува дека Тирам ја прифатил понудата на Интер, но се уште не е познато за која сума. Тој од Милан требаше да добие 10 милиони евра како бонус за потпис на договорот и шест милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести