7.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Епско полуфинале во Мелбурн: Алкарас по пет и пол часа борба го елиминира Зверев за прво финале во Австралија

Шпанецот Карлос Алкарас се пласира во финалето на Отвореното првенство на Австралија откако во неверојатно драматична пресметка го победи Александер Зверев со 3-2 во сетови (6-4, 7-6, 6-7, 6-7, 7-5), по пет и пол часа атомски тенис. Титулата во Мелбурн е единствената што му недостига на Алкарас досега во кариерата.

Шпанецот подобро го отвори мечот и го освои првиот сет со 6-4 во гемови. Потоа следеше вистинска драма, дури три сета кои се решаваа во тај-брејк.

Алкарас го доби и вториот сет со 7-6 и се чинеше дека отпорот на Зверев е скршен.
Сепак, Германецот се врати во германски стил со максимално борбен карактер. Зверев ги доби драматичните поени во следните два сета, во кои повторно се играше тај-брејк и мечот продолжи во финален петти сет.

Пет и пол часа играа двајцата тенисери, публиката се одушевуваше на секој поен, а максимално драматично беше и во петтиот сет.

Алкарас ја имаше првата меч-топка во 12-тиот гем од финалниот сет и успеа да ја искористи за конечни 7-5 во гемови и пласман во финалето.

Во второто полуфинале на Отвореното првенство на Австралија се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести