Ептен ја утнаа работата, Невил и Карагер имаа лоши прогнози за оваа сезона во Премиер лигата

Некогашните фудбалери, а сега ТВ-аналитичари, Џејми Карагер и Гери Невил, не се покажаа како добри прогнозери пред стартот на сезонава во англиската Премиер лига.

Ниту еден од нив, па ни Карагер, кој долго играше за Ливерпул, не погоди дека Црвените ќе бидат шампиони. Најголемата утка Карагер ја направи со Нотингам форест, за коgo типуваше дека ќе испадне, а тие се на позиција која води во Лигата на шампионите. Невил пак сметаше дека Ливерпул ќе биде дури петти, а неговиот Манчестер јунајтед трети. И Карагер ги прецени Црвените ѓаволи, веруваше дека ќе бидат петти, а тие се 14-ти.

Не го погодија ни првиот стрелец, сметаа дека ќе биде Ерлинг Халанд, а добри беа во изборот на топ-менаџер, двајцата го спомнаа Арне Слот.

- Оглас -

Најнови вести