16.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Ерата на Куман во Барселона почнува со ангажман на негов сонародник

Роналд Куман наскоро ќе биде претставен како нов тренер на Барселона по отказот на Кике Сетјен. Холандскиот стратег реши да ја напушти селекцијата на Лалињата и да ја искористи шансата да го води клубот каде што доби статус на легенда во играчката кариера.

Со него треба да започне новата ера на Барселона по катастрофалната сезона која Каталонците ја оставија зад себе и дебаклот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Првиот ангажман на Куман треба да биде негов сонародник, а доаѓа од клуб каде што Куман се градеше како тренер.

Дони ван де Бек е првата желба на Холанѓаецот, одличниот играч за врска на Ајакс кој до неодамна се поврзуваше со преселба на „Сантијаго Бернабеу“ во редовите на Реал Мадрид. Ван де Бек зад себе остави одлична сезона во дресот на Ајакс со 10 гола и 11 асистенции во вкупно 37 меча, но и претходно го покажуваше квалитетот во неверојатниот поход на Ајакс до полуфиналето во ЛШ изминатата сезона.

Тој би требало да биде второто засилување на Каталонците ова лето, откако од претходно е договорен трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести