Ерата на новата „десетка“ во Барселона започна со фантастичен гол (Видео)

Ансу Фати по пауза од 11 месеци, повторно заигра за Барселона и блесна. Тинејџерот кој има само 18 месеци за првпат заигра со дресот со бројот 10, кој во изминативе години беше резервиран за Лионел Меси, и покажа дека тој може да биде новиот лидер на Барселона.

Фати речиси една година не играше, но доволно му беа само две минути откако истрча на теренот за да постигне фантастичен гол. Тоа беше емотивен момент за Фати, а соиграчите го кренаа високо, прославувајќи со новата „десетка“ во каталонскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести