Ерата на Златан дефинитивно заврши

Виктор Линделеф го потврди крајот на една ера во шведскиот фудбал. Дефанзивецот на Манчестер јунајтед е избран за најдобар фудбалер од Шведска за 2018 година. Можеби се очекуваше оваа награда повторно да му припадне на Златан Ибрахимовиќ, кој имаше извонредна сезона во дресот на ЛА галакси, сепак, признанието заврши во рацете на Линделеф.

Ибрахимовиќ 11 пати ја освојуваше наградата од 2007 до 2016 година, искусниот Андреас Гранквист ја доби оваа награда лани, само поради тоа што Златан закрепнуваше од тешката повреда долг период. Дваесет и четиригодишниот дефанзивец со сигурност стави крај на доминацијата на Златан.

„Среќен сум што го добив ова признание. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи од тимот и од репрезентацијата. Секако, благодарен сум и за поддршката која ми ја пружи моето семејство, секогаш се тука за мене“, во кратки црти порача Линделеф на церемонијата во Стокхолм.

- Оглас -

Најнови вести