Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, важи за голем вљубеник во фудбалот, а во живо го следеше и натпреварот против Холандија на Европското првенство. Тој после натпреварот не ја пропушти шансата да прокоментира на фудбалски теми, а една од нив беше и за младиот лев бек на Фенербахче, Ферди Кадиоглу.
24-годишниот фудбалер во младинските категории настапуваше за Холандија, но во сениорскиот фудбал се одлучи да ја избере Турција, а со добрите игри на Европското првенство стана мета на голем број европски клубови. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, најави дека нема да дозволи тој да биде продаден и дека му потребен, но Ердоган не се согласува со португалецот.
„Се зборува за Ферди Кадиоглу и за некакви бројки, а Жозе Мурињо вели не може да замине. Не треба да се играме со иднинаната на момчето.“ – рече Ердоган.