Ерменско сценарио – Македонија напаѓа и против Романија, но не може да даде гол

Македонија повторно доминира во поле и трет меч по ред, но и се мачи да постигне гол, па иако ги надигра Романците на полувреме замина со резултат од 0.0.

Како и на мечот против Ерменија пред една сесмица во Скопје, нашата репрезентација има посед на топката од над 60 посто, но не успеа барем еднаш да ја погоди мрежата на сигурниот Ница.

Најубавата шанса ја имаше Елиф Елмас, но од десеттина метри шутираше директно во романскиот голман. Првото полувреме е реприза од ерменското сценарио, кога напаѓавме, а гостите се обидуваа со контри да постигнат гол.

И Романците имаа убаваша шанса во 22. минута кога Деијан Сореску го упати единствениот удар кон голот на домаќинот, но Столе Димитриевски со парада одлично одбрани.

Двете репрезентации вечерва ја бијат веројатно и клучната битка за продолжување на надежите за пласман на Мундијалот во Катар следната година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести