Андер Ерера се договори со Пари Сен Жермен, се сели во редовите на францускиот првак, а дополнително двете страни треба да се договорат за периодот што одличниот играч од средниот ред ќе го мине во Париз.
Се преговара дали договорот ќе биде на 4, или на 5 години, но сигурно е дека 29-годишниот Шпанец ќе го засили ПСЖ.
Во последен момент во трката се вклучи и Атлетик Билбао, сакаше да го врати Ерера во своите редови, но задоцни.
Андер играше за Атлетик од 2011 до 2014 година, а потоа се пресели во Манчестер јунајтед, клуб за кој одигра 130 натпревари и постигна 12 голови. Има и два настапи за шпанската репрезентација, а ќе биде одлично засилување во средниот ред на „светците“ од Париз.