11.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Ерик Ламела ја заврши кариерата

Поранешниот крилен напаѓач на Тотенхем, Севиља и Рома, Ерик Ламела, на 33 години ја заврши својата играчка кариера, пренесува шпанскиот новинар Сезар Луис Мерло. Аргентинецот ќе му се приклучи на стручниот штаб на Матијас Алмеида во Севиља како помошен тренер.


Ламела ја започна кариерата во Ривер плејт, а во 2011 година го купи Рома за 17 милиони евра.

По две години во Италија, за него Тотенхем плати 30 милиони евра, каде што помина осум сезони. Потоа следуваа пократки ангажмани во Севиља и во грчкиот АЕК.
Откако му истече договорот со АЕК, реши да ја заврши кариерата. Најголемиот дел од својата кариера го помина во Тотенхем, за којшто одигра 257 натпревари, постигна 37 гола и запиша 46 асистенции.

Во 2021 година ја освои наградата „Пушкаш“ за најубав гол, кој го постигна за Тотенхем против градскиот ривал Арсенал. И покрај добрите игри, никогаш не настапи за репрезентацијата на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести