Ерик тен Хаг е главен кандидат да биде „спасител“ на Борусија Дортмунд

Германскиот гигант Борусија Дортмунд е во резултатска криза. Миионерите имаат само една победа во последните осум меча во сите натпреварувања, па се погласни се најавите дека отказ може да добие тренерот Нури Сахин.

Во Бундеслигата, Борусија нареди три порази по ред, па екипата падна дури на десетото место на табелата со само 25 бодови, дури 20 помалку од лидерот Баерн Минхен. Едноставно за Борусија е завршена трката за титулата, но во ризик е и пласманот во Лигата на шампиони за следната сезона.

Токму затоа, се погласни се најавите дека тренерот Сахин може да добие отказ доколку Борусија Дортмун не победи на следниот меч, а тоа е против Болоња на гости во рамките од Лигата на шампиони.

Ако Милионерите не победат ќе го искомпликуваат и патот до осминафиналето во елитното натпреварување на УЕФА. Затоа, веќе се спомнуваат можните наследници на Сахин, а прва опција е Ерик Тен Хаг.

Холандскиот стратег пред само два месеци доби отказ од Манчестер јунајтед, но сега може за многу брзо време повоторно да се врати во фудбалот и тоа како предводник на германскиот гигант Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести