Манчестер јунајтед доживеа вистински дебакл на домашен терен и загуби од Ливерпул со 0-3. Ерик тен Хаг по натпреварот влезе во расправа со новинарите кои му поставуваа „незгодни“ прашања на прес-конференцијата.
„Јас не сум Хари Потер, мора да признаете. За тројца фудбалери ова беше првпат да бидат стартери оваа сезона. Мануел Угарте немаше одиграно ниту минута. Мора да влезе во форма, а потоа ќе му го пронајдеме местото во екипата. Сигурен сум дека ќе има голем придонес, но ќе му требаат неколку седмици, можеби и еден месец, тоа важи за сите фудбалери. Ова е трет натпревар сезонава. Мора да изградиме нова екипа. Ќе бидеме добри, но јасно е дека мора да се подобриме. Прилично сум сигурен дека на крајот од сезоната ќе имаме голема шанса да освоиме уште еден трофеј“, рече Тен Хаг.