Ериксен: Бев мртов пет минути, но целта ми е да играм на СП во Катар

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен во јуни минатата година претпре срцев удар за време на натпреварот со Финска на ЕВРО 2020, за среќа, целата драма заврши среќно, па сега Ериксен сака да му се врати на фудбалот и цели кон учество на Мундијалот во Катар во ноември и декември.

„Бев мртов пет минути. Беше необично, но многу ми е мило за поддршката од целиот свет, луѓето уште ми пишуваат. Им се заблагодарив и лично на докторите, на моите соиграчи, нивните семејства, на навивачите кои ми испраќаа цвеќиња и писма“, рече Ериксен, кому договорот со Интер му е раскинат бидејќи во Италија не смее да игра со вграден дефибрилатор.

„Сакам да играм фудбал. Лекарите ми даваат зелено светло. Моја цел е да настапам на Светското првенство во Катар. Се надевам на тоа, а дали ќе бидам избран од селекторот, тоа е друга работа. Направив многу тестови, воопшто не се плашам дека повторно може да ми застане срцето додека играм“, додава Ериксен.

- Оглас -

Најнови вести